Четири дена откако пристигна во Битола, египетскиот голман Карим Хендави официјално беше претставен како нов член на Еурофарм Пелистер. Хендави во Битола веќе одржа неколку тренинзи со групата на повредени ракометари, со кои работи Божидар Мојсов, а вечерва првпат заеднички ќе тренира со новите соиграчи.
Хендави во Еурофарм Пелистер ќе го носи дресот со број 88, а веднаш по потпишувањето во Битола рече:
-Многу ми е драго што потпишав за Еурофарм Пелистер. Ова е значаен чекор за мене. Доаѓам во клуб со многу добри играчи, добар тренер, многу добар тим. Екипата е на одлично ниво и се надевам дека ќе помогнам. Ги познавам сите ракометари на Еурофарм Пелистер и знам дека македонската репрезентација е многу добра. Играв против Македонија уште во 2013 година во два пријателски натпревари. Ја знам историјата на репрезентацијата, имате добри пласмани на Европските шампионати. Ракометот во Македонија е популарен, многу луѓе сакаат ракомет и се надевам дека ќе уживам тука. Ќе биде тешко и интересно против Татабања. Ни требаат добри два натпревари да напредуваме на табелата и ќе се бориме за тоа да го оствариме.

Засилувањето на Еурофарм Пелистер, египетскиот голман Хендави официјално претставен во Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- “Женски земјотрес“ создаде простор за музика што не прави компромиси
- Пелистер без финале, поразен од МЗТ во “мајсторката“
- Фестивалот “Нарцисот цути“ – приказна за љубовта кон природата, традицијата и културното наследство
- Денеска е „Денот Д“ – Пелистер игра за финале
- Лино Червар и официјално нов тренер на Еурофарм Пелистер
More from СпортMore posts in Спорт »
- Денеска е „Денот Д“ – Пелистер игра за финале
- Лино Червар и официјално нов тренер на Еурофарм Пелистер
- Пелистер преку “мајсторка“ до финале, МЗТ не е непобедлив, среда одлука
- Битола памети: пред 37 години, на денешен ден, 10 мај 1989 година, Димитар Илиевски-Мурато го освои највисокиот врв на светот, Монт Еверест (8.848 м)
- Пелистер го победи МЗТ во Битола и закажа “мајсторка“ во Скопје (мега фотогалерија)








