Татабања – Еурофарм Пелистер 21:24 (9:11)
Екипата на Еурофарм Пелистер, како гостин, вечерва во Битола во салата “Боро Чурлевски“ ја забележа втората победа во двомечот од “Д“ лигата од Европската лига и ја запиша третата победа во низа. Еурофарм Пелистер повеќе од 50 минути се мачеше да дојде до водство, за на крајот да заврши со 21:24, полувреме 9:11, со што ги сочува шансите за пласман во елиминационата фаза.
За разлика од синоќешниот дуел, вечерва “пелистерци“ играа со многу технички грешки во нападот, а Татабања на стартот направи разлика од 4:1, во осмата минута од натпреварот.
Некаде на средината на полувемето хрватскиот кружен Кушан предвреме го заврши натпреварот. Во 19. минута резултатот беше 7:3, а потоа 7:5, а полувремето заврши со атрактивен цепелин на Ојлески и Костески за 11:9.
Еурофарм Пелистер во второто полувреме започна подобро, а првото изненадување беше 14:14. Кога беше најпотребно Мандалиниќ ја презеде одговорноста и со три гола го донесе Еурофарм Пелистер до прво водство, а со головите на Граџан и Радовиќ се обезбеди третата победата на Еурофарм Пелистер во Европската лига 21:24.
Мандалиниќ со 9 гола беше најдобар стрелец, а солиден настап имаа и голманот Хендави со девет одбрани и Радовиќ со три гола.
Еурофарм Пелистер во вторник, 16 февруари, во Битола е повторно домаќин на ГОГ Гудме.











