Press "Enter" to skip to content

Жељко Бабиќ: оваа двојна колективна победа во Битола е посветена на Томислав Кушан!

На задолжителната официјална прес-конференцијаво Битола по завршувањето на натпреварот тренерот на ракометарите Жељко Бабиќ, по вчерашните 21:24, истакна дека е среќен за победата и нагласи дека таа е посветена на Кушан кој се повреди.

-Тешко е да се игра вака. Јас сум уморен, а замислете играчите кои играа вчера. Среќен сум за победата, иако лошо го отворивме натпреварот. Се разбудивме на полувремето. Нашиот голман беше главна алка во будењето и го сврте натпреварот. Честитки до сите. Покажавме карактер и на крајот победивме за Томислав. Оваа победа беше тимска и за сите нас, му посакувам брзо заздравување на Кушан, рече Бабиќ.

Мирко Радовиќ, по завршувањето на натпреаврот му честита на тимот и кажа дека „зелените“ биле најдобри кога било најтешко.

-Тешко е да се игра два меча во ваков интензитет во помалку од два дена. Екипата покажа дека има големо срце и дека тимскиот дух е на ниво. Тој не донесе до победа. И на Татабања и беше тешко да игра, ама кога противникот правеше серија, ние не се откажувавме. Секоја чест за Татабања и тие се бореа колку што можеа, но ние бевме одлични. Кога беше најтешко покажавме карактер. Кога беше најтешко, бевме најдобри. Повредата на Кушан ни падна тешко, ние, сепак, секој ден сме заедно. Се надевам дека ќе биде добро. Игравме за него, се надевам дека што е можно побрзо пак ќе се врати во составот, изјави Радовиќ.

Еурофарм Пелистер има три победи во низа во Европската лига, а следен дуел е повторно во Битола, против дански ГОГ Гудме на 16 февруари.

 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »