Press "Enter" to skip to content

Маневски: во вечното дерби нема фаворит, ќе победи мотивот и желбата за победа

Денес стартува пролетниот дел од Македоската прва фудбалска лига, а Пелистер од Битола утре ќе го игра првиот натпревар во Скопје, на вечното дерби, против Вардар. Екипата на Пелистер од денес ќе биде во карантин во Скопје.

Но ова дерби на мак фудбалот нема да го има онај жар како некогаш, бидејќи двете екипи не се во топ форма, “пелистерци“ се наоѓаат пред борба за опстанок, а “вардарци“ стартуваат само по неколку дена тренинзи, со нов тренер.

Поради потреба од бодови со кои ќе се избори опстанокот екипата Пелистер од Битола ќе отпатува со девиза дека секој бод е потребен, а посебно од ваков Вардар.

Еден од фудбалерите на Пелистер, кој играл за двете екипи е Борче Маневски, за утре вели дека како и претходни, години наназад, нема фаворит во ова дерби, се почнува од нула, а се остава зад себе.

-Мислам дека сме добро подготвени за ова неделно дерби. На овој натпревар не влијае подготвеноста. Победникот во дербито ќе го реши мотивот, желбата и екипата која ќе ги искористи шансите, ќе се радува. Имав чест да играм за двата клуба, ги носев и двата дреса. Ние не размислуваме за финансиската ситуација во Вардар. Верувам дека со компактна игра и со индивидуален натпревар ќе го добиеме ова дерби, изјави Борче Маневски.

More from СпортMore posts in Спорт »