Ракометарите на ГОГ Гудме претпладнево направија посебен видео запис од битолската сала за студената сала “Боро Чурлевски“ каде за половина час, ќе започне натпреварот од “Д“ групата во Евро лигата.
За разлика од пред неколку часа, сега надвор е постудено и е -11 степени, но во салата е подносливо студено. Организаторот на натпреварот обезбеди 7 “топови“ на бензин кои се поставени на влезот во салата, кај малата сала и во внатре во салата, а има и калорифети на струја кои ги затоплуваат прес салата, делегатската и судиската просторија, и совблекувалите.
Со оглед на тоа како е времето надвор пристојни се условите во салата.











