Ускана – Пелистер Волеј 0:3
(22:25; 22:25; 10:25)
Екипата на Пелистер Волеј со победа го гости, овој пат во Кичево се враќа во Битола и со нови три бода против мотивираната екипа на Ускана. Натпревар во кој квалитетот на одбојкарките на Пелистер Волеј дојде во израз, а беше пресуден и во моментите кога се одлучуваше победникот, посебно во првите два сета.
По завршувањето на натпреварот тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски рече:
-Започнавме лошо со многу грешки и речиси загубен сет, по навремените тајм-аути и тактичките измени, успеавме да го доведиме во наша полза од 22:25. Иако со идентичен резултат во вториот сет во кој водевме цело време, но на крајот имаше мало опуштање па повторно резултатот беше 22:25 за нас, а веќе во третиот сет го покажавме квалитетот и лесно го приведовме натпреварот кој крајот, кон победа без изгубен сет, а на противникот му дозволивме само 10 поени.











