Press "Enter" to skip to content

И со четири постигнати гола реми на вечното дерби во Скопје

Вардар – Пелистер 2:2 (1:1)

Иако од Битола, фудбалерите на Пелистер отпатуваа за Скопје со нескриена жалба за победа и три нови бода кои ќе значеа многу во борбата за опстанок, “пелистерци“ одиграа реми против Вардар, 2:2, полувреме м во натпревар во кој беа постигнати четири гола. 

Вечното дерби започна неочекувано за екипата од Битола, кога во третата минута кога голманот Талески и Илиески имаа лоша комуникација, по што следуваше рано водство на “вардарци“ од 1:0. Пелистер до израмнување дојде во 22. минута кога Пејаковиќ по еден претходно одбранет шут на Илиќ изедначи на 1:1.

На стартот на вториот дел повторно грешка, во третата минута од продолжението,  Мирчевски казнува за 2:1. Во 73. минута, Ристе Илијоски пропушти добра шанса да изедначи, а Пелистер се избори за изедначување со голот на искусниот Борче Маневски во 80. минута.

Пелистер е деветти со 19 бода, а во следното коло е домаќин на Ренова во Битола.

More from СпортMore posts in Спорт »