Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер во Битола убедливо го победи Татран во СЕХА лигата (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Тартан Прешов 28:16 (11:7)

Екипата на Еурофарм Пелистер вечерва во Битола, во спортската сала “Боро Чурлевски“ во рамките од третото коло во СЕХА лигата, убедливо ја победи екипата на Тартан Прешов о убедливи 12 гола разлика 28:16, полувреме 11:7. На овој натпрева дојде до израз квалитетот на екипата на домаќинот и проблемите на тимот на Голужа.Стартот на натпреварот беше скромен за голови, а во 9. минута беше 2:2. Потоа Еурофарм Пелистер поведе со 3:2, а во 20. минута беше 5:5. Со влегувањето на Стипе Мандалиниќ, следуваше серија за 9:5,а а на полувреме се заминаа со позитива од четири гола разлика 11:7.“Пелистерци“ во вториот дел тргнаа решени на стартот да го “завршат“ и со одбраните на Хендави, се дојде 15:9. Граџан постигнувапе лесни голови од шест метри, а во 45. минута беше +9 (21:12). На крајот  Еурофарм Пелистер извојува убедлива победа од дури 12 гола разлика.

Најефикасен во тимот на домаќинот беше Елмир Граџан со 7 гола и Периќ со 6, а голанот Хендави имаше 15 одбрани.Понеделник Еуерофарм Пелистер патува во Швајцарија во рамките на Европската лига кај  Кадетен Шафхаузен.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »