Press "Enter" to skip to content

Илиевски и Талевски фудбалери на Пелистер оптимисти пред натпреварот против Ренова

Денес во Битола, на стадионот под Тумбекафе продолжува буитиката на фудбалерите на Пелистер за опстанок во ПМФЛ и избегнување на двете последни места кои водат во понизок ранг.

Пелистер е под императив на победа против Ренова, а дефанзивецот на пелистерци, Бојан Илиевски верува во добра претстава и три бода.

-Го анализиравме противникот во текот на тренинзите оваа недела. Натпреварот против Вардар е заборавен, веќе имаме директна битка за опстанок против Ренова. Имаме ист број на бодови и мораме да го добиеме овој натпревар, за да имаме мир во продолжението на сезоната. Целта ни е да се одлепиме од Ренова за помирно да се посветиме на следните натпревари. Игравме и во Купот и во првенството против Ренова и двата натпревари завршија нерешено. Се надевам дека сега ќе извојуваме победа. Добро сме воиграни, дојдоа квалитетни засилувања и мислам дека ќе ни помогнат да обезбедиме опстанок.

Во нападот Пелистер во своите редови пронајде ветувачка опција за офанзивата во 16-годишниот Михаил Талевски, за кој се надеваме дека ќе почне од првата минута против Ренова, за што вели:

-Не очекував толку брз развој, но среќен сум што ја добив довербата од тренерот Димитар Капинковски и претходниот предводник Зоран Штерјовски. Се надевам дека ги исполнив очекувањата и за во иднина  имам уште поголема желба и мотив.  Нашите цели се високи. Иако јавноста нè критикува, атмосферата е на високо ниво, бидејќи веруваме во нас и се надеваме на позитивен резултат против Ренова. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »