Press "Enter" to skip to content

Хераклеја подобра од Медика Карта во кошаркарското дерби на Битола (фотогалерија)

Медика Карта – Хераклеја 65:90

Во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола, во рамките на 12. коло од Втората кошаркарска лига – запад, се одигра второто градско дерби оваа сезона, помеѓу двете битолски екипи. Домаќин беше екипата на Медика Карта, а победник екипата на Хераклеја, која победи со 25 кошеви разлика, 65:90.Стартот на натпреварот беше рамноправен, а по првите десет минути “домаќините“ имаа предност од +3, 23:20.

Втората чествртина донесе повторно израмнета игра, а екипата на Хераклеја не само што ги анулира трите поени од првата, туку на одмор замина со +4, 44:48.

Третата четвртина целосно им припадна на “гостите“, кошаркарите на Хераклеја, а поискусната екипа на Зоран Петковски го реши натпреварот кога направи голема разлика, а на три минути пред крајот беше 51:71. Третата четвртина заврши со резултат 55:71.Последната четвртина беше само формалност, а разликата се искачи на 25 поени предност за Хераклеја, 65:90, која сосема заслужено победи во градското кошаркарско дерби во Битола. Кај победничката екипа Хераклеа најефикасен беше Благој Велевски со 25 поени, а кај Медика Карта Даниел Захариевски исто така со постигнати 25 поени.На овој натпревар поради ковид мерките немапе публика, но доколку не беше така ќе имаше сигурно многу љубители на кошарката од Битола.Хераклеа останува во трката со Чаир и Охрид за врвот, а Медика Карта Битола ќе се бори за опстанок во натпреварувањето.

More from СпортMore posts in Спорт »