Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер заврши голема работа, Мараш останува во Битола до јуни 2023

Од позајмица до официјален договор до јуни 2023 година, Еврофарм Пелистер од Битола, се договори со хрватскиот интернационалец, 20-годишниот Матео Мараш да бидд ел од тимот, а со тоа клубот од Битола заврши голема работа, си обезбеди десен бек.

Мараш позираше со дресот со број два на “фармацевтите“, а за договорот и престојот во Битола рече:-Сакам да му се заблагодарам на клубот. Првите шест месеци минаа многу убаво, беше прилагодување, но се чувствувам убаво тука. Играме многу добро, клубот покажува дека е на високо европско ниво, што може да се види низ натпреварите во Лига Европа и натпреварите кои ни претстојат, а на кои сакаме да покажеме кој е нашиот вистински квалитет. Имаме мала хрватска колонија тука во Битола. Имаме голем број интернационалци и многу добро сме сложени во тимот. Добро се согласуваме, добра клапа сме и пријатно е да се тренира и да се биде во овој клуб.

More from СпортMore posts in Спорт »