Press "Enter" to skip to content

Младинските тренери на ФК Пелистер презентираа во Добој во рамките на “Заедно за поздрава и побезбедна заедница“

Во Добој презентирани активностите од проектот „Заедно за поздрава и побезбедна заедница“ на триесетина тренери од пет земји меѓу кои беа и седум тренери од ФК Пелистер, цел да се унапреди педагошката и образовната улога како на фудбалот така и на тренерите од овие клубови од бившите југословенски простори: ФК Графичар, ФК Слога, ФК Горица, ФК Марибор и ФК Пелистер.

На состаноците беа презентирани добри практики од повеќе земји како и панел дискусии за работата на тренерите како едукатори и педагози. Овој собир во Добој беше од исклучителна важност како за нашите тренери така и за проектниот тим во насока на дефинирање на тематските приоритети кон создавање на иновативни модули за работа со децата.-Да се има на едно место околу 30 тренери од пет земји, стручни универзитетски професори и стручни младински работници од три земји претставува еден неисцрпен извор на идеи и ставање на мислата во движење кон подобрување на процесот во создавањето на здрави и добро оформени личности во кој процес тренерите имаат голема улога и што впрочем претставува наше мото создавање на Животни Шампиони.  Следна активност покрај континуитетот во процесот на фомирање на модулите за работа на тренерите е кампот во Златибор, Србија кој ќе се одржи кон крајот на јуни и каде што покрај тренерите и младите фудбалери од ФК Пелистер ќе земат учество,  изјави координаторот за Македонија, Гордана Цветковска-Бошевска.

More from СпортMore posts in Спорт »