Press "Enter" to skip to content

Топ гол поразен во Тетово со примен гол во 87. минута од слободен удар

Во рамките на 16. коло од Првата женска фудбалска лига 20/21 екипата на Топ гол од Битола загуби на гостувањето во Тетово. Битолчанки со гол од примен од слободен удар во 87. минута загубија од ЖФК Љуботен, а натпреварот се одигра на фудбалското игралиште на АМС во Тетово.

-Упатувам само пофални зборови за моите фудбалерки за се она што го направија на теренот и како ги одработија подготовките. Имавме свои шанси за гол, ние погодивме пречка од слободен, примивме гол од слободен удар и тоа во самиот финиш на натпреварот Едноставно немавме спортска среќа, изјави Кире Грбевски, претседателот на Топ гол.

За Топ гол настапија: Павлоска, Бумбаровска, Јанкоска, Миќановиќ, Стојчевска, Петровска, Гелевска, Јанковска, Гоцевска, Љондевска и Дамева, а уште играа:Ковачева и Димитровска.

Следното 17. коло Топ гол во Битола ја пречекува екипата на Скопје 2014.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »