Press "Enter" to skip to content

Четири први места за Ева Милевска на Алпскиот куп на Попова Шапка (фото)

Скијачите на СК Пелистер од Битола, деновиве учествуваа на натпреварите од Алпскиот куп на Македонија во организација на СФМ и клубот Шари Академи “Нуриман Велија“ кои се одржаа на терените на Попова Шапка, на 26 и 27 февруари.  На Куп натпреварите учествуваа натпреварувачи од Србија, Албанија и Косово, со што натпреварите добија меѓународен карактер.

СК Пелистер од Битола учествуваше со четворица натпреварувачи и во оваа посилна конкуренција сите имаа подобрувања на возењата во споредба на минатата трка во Маврово.

Како и се очекуваше, нашата најтрофејна натпреварувачка Ева Милевска победи на четири трки и освои четири златни медали, и тоа во слалом (национален и меѓународен пласман) и велеслалом (национален и меѓународен пласман).

Второ место освои Димитра Петровска во националното првенство. Двајца млади скијачи од Битола само малку ги делеше од медал, а на четврто место во националното првенство се пласираа Христијан Мицевски и Ангела Ристевска, која и имаше пласман,  5 место на меѓународниот натпревар.Екипата на СК Пелистер на натпреварите на Попова Шапка ги водеа тренерите Лидија Симјановска потпомогната од Томче Петровски.

До крајот на сезоната не очекуваат уште три домашни натпревари, а Ева Милевска ја очекуваат уште четири меѓународни натпревари во Косово, Бугарија, Словенија и Италија.

More from СпортMore posts in Спорт »