Press "Enter" to skip to content

Со гол во судиското време Пелистер во Битола носи големи три бода од Струга

Струга Трим Љум – Пелистер 0:1 (0:0)

Фудбалерите на Пелистер направија голем чекот во борбата за опстанок, во Битола носат три бода, од тешкиот терен во Струга, совладувајќи ја домашната екипа минимално со гол постигант во судиското време во 92. минута. Победата е повредна знаејќи дека овој пораз е прв за Струга Трим Љум на домашен терен оваа сезона.

Иако домаќините напаѓаа “пелистерци“ успешно се бранеа, а голманот Талески имаше неколку добри интервенции со кои спречи домашно водство. Фудбалерите на Пелистер во 92. минута казнија голманска грешка, кога само ја остави топката, а Пејаковиќ лесно испеа да ја смести во мрежата, а со тоа казни и постигна гол за победа. 

Пелистер освои големи три бода во битката за опстанок и го продолжи чекорот со ривалите, а со овие три бода е на осмото место што може да се каже дека е безбедната зона.

Пелистер во недела во Битола го пречекува Борец од Велес.

More from СпортMore posts in Спорт »