Press "Enter" to skip to content

Црвена Звезда со две младински екипи во Битола, под Тумбекафе, одиграа со Пелистер (мега фотогалерија)

Денес на стадионот под Тумбекафе во Битола беше вистински празник на фудбалот, во кој уживаа младите фудбалери на Пелистер, родени 2006 и 2007 година, а поводот за “празнувањето“ беше гостувањето на нивните врсници и одигрувањето на два пријателски натпревари.Иако резултатот не беше во прв план, знаејќи дека “звездашите“ се поквалитетни екипи, младите “пелистерци“ предводени на двете генерации Ѓоко Илијовски, имаа максимален мотив и дадоа максимален учинок.Но, тремата дека ќе играат против Црвена Звезда кај младите битолчани беше видлива во текот на двата натпревари, а не се “ослободија“ ни во еден момент, а на поквалитетните противници со тоа им дадоа шанса да се прикажат во вистинско светло.Двете екипи ги загубија натпреварите, генерацијата 2007 е поразена со 1:7, а генерацијата 2007 со 0:8.

-Денес беше една убава прилика да ни гостува еден навистина голем клуб, поранешен шампион на Европа и во светот. Квалитетот на гостите и нивната доминација на двата натпревари беше повеќе од очигледна. Им благодарам за гостувањето а воедно едно големо искуство за нашите млади играчи, вели Гоко Илијовски.За екипата на Пелистер, родени 2006 година натпреварот го започнаа Димовски, Сељанковски, Георгиевски Дарио, Крстевски,Радевски, Христовски, Сефедин, Силјановски-капитен, Стојчев, Лозановски и Спировски. Во вториот дел играа: Стојановски Ф. Трампевски, Кулевски, Георгиевски Давид, Каревски, Ристевски, Петровски, Стојановски и Здравевски. Стрелец на голот за Пелистер беше Каревски Иван. За екипата на Пелистер, родени 2007 година Балев, Стојановски Љупчо, Фејзуловски Ерџан, Георгиевски, Груевски, Делов, Филипов, Стојановски Леонид, Лисолајски, Димитровски-капитен и Иванов. Во вториот дел настапија: Коминовски, Карапетров, Мегленски, Баталоски, Фејзуловски Енвер, Илијовски, Кузмановски, Петковски и Стојановски М.Инаку, младинските екипи на Црвена Звезда се наоѓаат на подготовки во Охрид, каде покрај тренинзите имаат и организирана настава која ја следат он-лајн, а само побараа да играат против екипите на Пелистер. И в недела ќе се одиграат два натпревари помеѓу овие екипи, а ќе се играа во Охрид.

More from СпортMore posts in Спорт »