Press "Enter" to skip to content

Победа на Пелистер во Битола над ФМП за зацврстување на првото место на табелата (фотогалерија)

Пелистер – Академија ФМП 100:72

Нови сто поени на Пелистер во Битола за нова победа, овој пат над екипата на Академија ФМП и за зацврсти на лидерската позиција во 14. коло на Првата кошаркарска лига.На свој терен, во Битола, во салата “Боро Чурлевски“, екипата на Пелистер уште по првата четвртина со предност од 36:19 ја најави сигурната победа и без пероблеми дојде до неа. Следните два периоди горе-долу беа изедначени, а гостите од Скопје имаа и поен предност во втората чествртина 21:22, а во третата беше +3 за Пелистер 20:17. Но иако резулттски беа изедначени ФМП не направи ништо повеќе од тоа да се доближи до -10, што беше малку за некој престврт.Последната четвртина беше повторно резулатски плус за Пелистер и заврши со 23:14, за вкупно постигнати 100 поени.Кај Пелистер капитенот Бојан Трајковски имаше одличен меч со „дабл-дабл“ од 20 поени и 13 скока, пред Кесар со 17 поени и Вилијамс со 16 постигнати поени. 

More from СпортMore posts in Спорт »