Пелистер – Академија ФМП 100:72
Нови сто поени на Пелистер во Битола за нова победа, овој пат над екипата на Академија ФМП и за зацврсти на лидерската позиција во 14. коло на Првата кошаркарска лига.
На свој терен, во Битола, во салата “Боро Чурлевски“, екипата на Пелистер уште по првата четвртина со предност од 36:19 ја најави сигурната победа и без пероблеми дојде до неа.
Следните два периоди горе-долу беа изедначени, а гостите од Скопје имаа и поен предност во втората чествртина 21:22, а во третата беше +3 за Пелистер 20:17. Но иако резулттски беа изедначени ФМП не направи ништо повеќе од тоа да се доближи до -10, што беше малку за некој престврт.
Последната четвртина беше повторно резулатски плус за Пелистер и заврши со 23:14, за вкупно постигнати 100 поени.
Кај Пелистер капитенот Бојан Трајковски имаше одличен меч со „дабл-дабл“ од 20 поени и 13 скока, пред Кесар со 17 поени и Вилијамс со 16 постигнати поени.











