Press "Enter" to skip to content

Четири златни медали на Попова Шапка, две за Ева, по една за Ана и Ангела

На терените на Попова Шапка, се одржаа трки во слалом и велеслалом за деца од 6 до 16 години, а на двете трки се појавија и скијачите на ски клубот Пелистер од Битола, под водство на тренерите Томче Петровски и Лидија Симјановска.На трките кои поминаа во одлична организација на ски клубот Меденица од Тетово, скијалите од Битола освоија четири златни медали, што е голем успех.Ева Милевска победи во слалом  и велеслалом до 14 години, Ана Дабиќ до 16 година во велеслалом и Ангела Ристевска во велеслалом до 12 години.Во велеслалом второ место освои Димитра Петровска, а на четврто место се пласира Христијан Мицевски.

More from СпортMore posts in Спорт »