Денес во Битола, под Тумбекафе во 14 часот во рамките на Првата фудбалска лига, Борец од Велес ќе гостува на Пелистер, а тоа ќе биде директнен дуел за опстанок во лигата.
“Пелистерци“ посакуваатпобеда и реванш за поразорт во Велес, а тренерот Димитар Капинковски за средбата во Битола вели:
-Големо задоволство ни е добриот старт. Добро изработените припреми ни дадоа една полетност и тоа вроди со резултати. Имаме едно реми и две победи во првите три натпревари. Овој скор ќе ни даде мотив и една сигурност да се вложиме уште повеќе и да стигнеме до мирни места на табелата. Борец е квалитетна екипа. Оваа зима претрпе промени на неколку играчи и тренер, но се покажаа во овие три натпревари. Имаат една победа, реми и пораз во тесни натпревари. Ќе биде тешко и неизвесно. Мора да дадеме максимум за да ги освоиме потребните бодови за понатаму“, рече тренерот на пелистерци.
Новајлии во Пелистер се наметнаа уште во првите три кола, а еден од нов е Размоски. Младиот охриѓанец постигна гол против Ренова и верува дека ќе продолжи во таа насока и вели:
-Борец е добра екипа, ќе биде многу тешко. Добро го отворивме овој втор дел и се надевам дека со мала среќа бодовите ќе останат кај нас. Има добра атмосфера по овие три натпревари, победивме тешки натпревари, совладавме директен конкурект, а во средата славевме и на тешкото гостување во Струга. Се надевам дека добрата атмосфера ќе продолжи и по неделниот натпревар.











