Press "Enter" to skip to content

Трета по ред победа на Пелистер за помирна пролет (фотогалерија)

Пелистер – Борец 1:0 (1:0)

Со третата победа по ред, овој пат на свој терен во Битола, над Борец, фудбалерите на Пелистер се искачи на седмото место на табелата на Првата фудбалска лига и сега имаат 28 бода и како стојат работите сега Пелистер може и да го избегне и баражот за опстанок.Средбата од 22. коло се реши само со еден гол, кој го постигна Пејаковиќ, во еден тежок натпреват каде најважни беа бодовите кои останаа во Битола. Екипата на Борец од другата страна немаше сили за изненадување, имаше само еден удар во рамките на голот на Талески и Пелистер заслужено победи во четвртото пролетно коло.Целиот прв дел мина во знакот на тактичко и тврдо надигрување без зрели шанси. Маневски со глава во 11. минута, по корнерот на Гудиаби, прв се закани, но биеше крај голот. Сепак, во првиот дел полн со грешки, видовме и еден гол во 41. минута, Нето биеше од далечина, голманот на Борец ја одби топката, а Пејаковиќ натрча и со левата нога ја пласираше во небранетата мрежа.Во второто полувреме Пелистер продолжија да ја има иницијативата и се видд дека има и контрола на играта, а Капинковски точно ги постави своите фудбалери, а имаа и прилика за втор гол  преку Маневски. Во судиското надополнување судијата Стојановски од Кичево го поништи голот на Принц Ампонсах, заради прекршок без топка на Фазиу.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »