Press "Enter" to skip to content

Битолчанките Ева и Анастасија во македонската репрезентација до 16 години на квалификации за Европско

Пелистер Волеј од Битола во Македонската репрезентација до 16 години, генерација 2006 и помлади, има две одбојкарки кои до сабота ќе учествуваат на квалификацискиот турнир за Европското првенство годинава. Во салата “Владе Дивац“ во Врњачка бања, нашата репрезентација утре ќе сервира против домаќинот Србија, потоа со Бугарија, Турција и Романија.

Битолчанките од Пелистер Волеј, Ева Трпеновска (примач) и Анастасија Ристевска (коректор) со репрезентацијата на Македонија, У16, веќе се наоѓаат во Врњачка Бања – Србија.

За истакнување е што младата Ева Трпеновска е капитен на репрезентацијата, предводена од Емилија Терзиевска и Никола Јаневиќ.

Денес Македонија игра против домаќинот и фаворит Србија, а сите натпревари можи да се следат на официјалниот сајт на одбојкарскиот сојуз на Србија.

Првопласираната репрезентација на овој турнир ќе обезбеди учество на Европскиот шампионат во унгарскиот град Ниџерхаза и во Хумене, Словачка, во перидот од 10 до 18 јули, а националните состави што нема да влезат во континенталната елита, ќе продолжат во вториот круг од квалификациите. Во него, од 6-9 мај ќе бидат одиграни пет турнири со по четири репрезентации од сите пет зонски асицијации на ЦЕВ во коишто е и нашата, балканска.

 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »