Топ гол – Мала Речица 2:1 (1:1)
Во рамките на 1/8 финалето од купот на Македонија за жени екипата на Топ гол ја совлада гостинската екипа Речица, во натпреварот кој се одигра на Фудбалското игралиште “Павел Шатев“ (Ќумурно игралиште) во Битола, според протокол за заштита од Ковид 19, битолчанки со конечен резултат од 2:1, полувреме 1:1, и се пласира во 1/4 финалето од Купот.
Головите за Топ гол ги постигнаа Бумбаровска во 23. минута и Петровска во 85. минута, а за гостите едниствениот гол го постигна Николовска во 45. минута.
-Честитки за остварената победа во рамките на 1/8 финалето од Купот. Со оваа победа ја подигнавме самодовербата, мотивацијата и тимскиот дух помеѓу нас. Имавме неколку шанси за гол кои не ги искористивме во воведниот дел од натпреварот, но по една брза контра од десната страна Бумбаровска постигна гол. Примивме многу наивен гол на самиот крај од полувремето, но победничкиот гол го постигнавме во самиот финиш на натпреварот од прекин, изјави Кире Грбевски тренерот на Топ гол.
За Топ гол настапија: Павлоска, Бумбаровска, Јанковска, Миќановиќ, Стојчевска, Талевска, Петровска, Јанковска, Гоцевска, Дамева уште играше и Најдовска. Следното 17 коло екипата на Топ гол ја пречекува екипата на Скопје 2014.











