Бами Кор – Пелистер Волеј 0:3
(19:25, 12:25, 18:28)
Во рамките на 8. коло од Првата одбојкарска државна лига на Македонија, 2 фаза, екипата на Пелистер Волеј од Битола, победи на гостувањето во Тетово, против екиата на Бами Кор.
Битолчанки во спортската сала “Гоце Делчев“ во Тетово, победија убедливо во три сета со 0:3 со што го потврдија квалитетот и ги оправдаа амбициите на клубот.
Тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски за оваа победа рече:
-Денес одигравме одличен натпревар, онака како што се договоривме, дисциплинирано од сам почеток што беше услов за убедлива победа 4-та во низа, на еден од најжешките терени во државата. Во сите сетови имавме апсолутна контрола, а победата е сосема заслужена и бодовите заслужено доаѓаат во Битола.
Поените ги освоија: Стефани Најдановска 14, Ана Пејовска 13, Ивана Белокозовска 8, Меланија Каралиоска 6, Јана Василевска 4, Михаела Цветановска 4, Ивана Василевска 2 и Андреа Стојановска 1.











