Гостивар – Пелистер 80:100
Кошаркарите на Пелистер од Битола во рамките на 18. коло од Првата кошаркарска лига ја победија екипата на Гостивар, во Гостивар со повторно постигнати 1оо поени, 80:100, со што им се одмаздија за поразот во Битола.
Домашната екипа само во првата четвртина имаште предност од само два поени 25.23, а веќе во втората чествртина Пелистер го презеде водството. Во втората четвртина беше 20:26, а на одмор се отиде со +4 за Пелистер, 45:49, а претходно имаше и +11, 34:45.
Ако во првата четвртина, Гостивар беше екипата која го имаше водството, работите се сменија во втората. Во 16.минута Пелистер дојде до двоцифрена предност од (45:34). Но со серија од (11-4) гостиварци се вратија во игра за -4 на полувремето (45:49).
Во третиот период “пелстерци“ делуваа уште подоминантно, особено во одбраната, а домаќините постигнаа само 11 поени, а третата четвртина имаше резултат 11:24. И последната четвртина им припадна на Пелистер, 24.27, за конечни 80:100.
Најефикасен кај Пелистер беше Кесар со постигна 26 поени, а Трајковски постигна 22.











