Во организација на скијачкиот клуб Пелистер од Битола се одржа традиционалниот “Пелистерски велеслалом“ кој се возеше на Попова Шапка, за што од СК Пелистер како појаснување за промената на местото на одржува, наместо на ски-патеката “Копанки“ велат:
-Секоја година, со неколку исклучоци, “Пелистерскиот велеслалом“ се одржувал во март. Годинава, иако најавите беа дека ќе имаме снежни поволни услови во февруари и март, за жал снегот која падна не беше доволен за да се подготви стазата за вакво натпреварување. Има технички параметри кои треба да се исполнат. Од друга страна, овој натпревар е значаен за младите скијачи кои цела година настапуваа на 3Националниот алпски куп“ кој е во организација на Скијачката федерација. За да не ги демотивираме децата и да им го ускратиме правото, а овие деца неуморно тренираат цела година и се натпреваруваа цела сезона, одлучивме настанот “Пелистерски велеслалом“ годинава да се одржи во скијачки центар каде условите беа подобри. Ние го сакаме Пелистер бескрајно и локал патриотизмот не определува, но сепак со жалење ја донесовме оваа одлука заедно во консултации со Скијачката Федерација на Македонија, и додаваат дека ова не е новина во скијањето, хрватски клубови организираат натпревари во Австрија во вакви случаеви.
На патекаѕа се возеше само велеслалом, а слијалите од Битола, членови на СК Пелистер имаа одлични настапаи, освоија три златни медали и една бронза.
Младата битолчанка, Ана Дабик освои две злата во конкуренција на У-16, Ева Милевска е првопласирана во У-14, а Ангела Ристевска прва во категорија У-12.
За прв пат со медал се закити и Христијан Мицевски во категорија У-14, а Марко Аноски е четвртопласиран во У-14.
Натпреварот е одржан во одлични услови, одлично подготвена патека, организација на највисоко ниво на безбедност. Можно е, ова е да е последен натпревар за Алпски куп на Македонија, со оглед на временските услови и обврските кој ги имаат поголемите категории на деца на мегународен план.
[ngg src=”galleries” ids=”669″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]









