Екипата на Пелистер вчера од Битола замина на еднодневен карантин пред денешниот натпревар против екипата на Шкендија, во Тетово, во кој сигрно домаќините ќе бараат одмазда за поразот во Тетово по последното коло минатата година. Од друга страна екипата од Битола игра во одлична форма оваа пролет, а желбата за опстанок и мирна пролтт се потврдува од коло во коло, со трите победи по ред.
Тимот на Капинковски со победата над Шкендија и пролетните победи и добро резултати покажа дека може да игра против најсините и да се надигрува, а тренерот вели:
–Откако го презедов тимот, во од се консолидиравме. Дојде таа победа на крајот од есенскиот дел и тие бодови многу ни значеа во пресрет на вториот дел. Таа победа ни даде еден елан и самодоверба на екипата дека може да игра и со Шкендија. Секако дека тој резултат позитивно влијаеше на нас. Верувам дека ќе ја задржиме позитивна атмосфера и ќе продолжиме да бериме бодови до крајот на првенството, а за денешниот натпревар во Тетово додава:
-Во овие четири кола имаме три победи и едно реми, што е позитивен скор за нашите амбиции оваа тековна сезона. Шкендија е прва на табелата и има седум бода пред второпласираниот тим. Веќе цела деценија Шкендија е меѓу најдобрите две-три екипи во државата и нивните аспирации се игра на победа и шампшионска титула. Одиме со позитивна атмосфера, се надеваме на максимимум и од тој максимум очекуваме да донесеме позитивен резултат.











