Денес екипата на Еурофарм Пелистер од Битола отпатува за Шабац, каде утре ќе играат во СЕХА лигата против екипата на Металопластија. Во тимот ќе ги нема Кушан, Маџовски и Вегар, а во тимот се враќа Дејан Кукуловски.
Бекот на тимот од Битола, Дејан Кукуловски вели дека иако немаа многу време за подготовка одат на победа во Шабац и ни пред заминување во Србија изјави:
-Добро се чувствувам, се враќам од повредата. Малку поспоро одеше враќањето, но не е нешто сериозно и ќе бидам спремен за следните натпревари. Немавме многу време да се спремаме за Металопластика, но одиме во Шабац по победа. Нема да биде лесно, Металопластика е одлична екипа, но се спремаме колку што имаме време и тоа е тоа. Добро сме спремни, се враќаме во ритам, се враќаат репрезентативците. Ние играме на секој натпревар на победа, па што биде нека биде“, вели Кукуловски.
Натпреварот меѓу Металопластика и Пелистер кој ќе се игра во Шабац е закажан за утре со почеток во 17 часот.











