Еурофарм Пелистер од Битола, синоќа во Шабац, Србија без проблеми победи и освои нови бодови во СЕХА лигата, го подеби домашниот тим на Металопласитка, а на официјалната прес-конференција по завршувањето на натпреварот, тренерот Жељко Бабиќ и бекот Матео Мараш искажаа задоволство од победата.
Жељко Бабиќ истакна дека поголемиот квалитет и пошироката клупа го даде победникот:
-Евидентно е дека Еурофарм Пелистер има подолг ростер и поквалитетен тим, а кај противникот можеше да се забележи дека е уморен, бидејќи пред неколку дена имаше тежок меч во домашниот шампионат. Јас сум среќен кога гледам млади играчи на паркетот, кои се желни за докажување и допрва треба да израснат во големи ракометари. Металопласитка е одличен тим, има квалитетен тренер и верувам дека во иднина успесите сами ќе дојдат“, рече тренерот на битолчани.
Матео Мараш постигна четири гола, а неговата анализа за натпреварот рече:
-Честитки за борбената игра на домаќинот. Натпреварот го отворивме лошо, со многу примени голови. Знаевме дека противникот е многу квалитетен во транзиција, но во вториот дел кога работите ги ставивме под контрола, а притоа нашиот голман беше одличен меѓу стативите, влеговме во серија и заслужено го добивме овој натпревар.











