Куманово – Пелистер 81:73
Кошаркарите на Пелистер од Битола се поразени во 19. коло во Првата лига на Македонија, на гостувањето во истоимениот град со резултат 81:73. Ова е втор по ред на пораз на лидерот на табелата Пелистер.
Првата четвртина помина во изедначена борба под кошевите, а кумановци дојдоа до првата осетна предност, на истекот на 10. минута, кога поведоа 19:14. Следуваше тајм-аут реакција на тренерот на Пелистер, Марјан Илиевски. Но, на истекот на тој период разликата во корист на Куманово, беше идентична, 22:17.
Пелистер не се снајде и во втората четвртина. Куманово беше во резултатска предност, а големиот број на промашувања за три поени на “пелистерци“ доведоа на одмор да се отиде со 39:32, а и покрај толку промашувања резултатот во втората четвртина беше 17:15.
Третата четвртина помина со “реми“, 22:22, а во последната четвртина Пелистер, влезе повторно со -7, 61:54.
Имаа уште повисоки (53:40), во 25.минута од играта, а во која Трајковски ја доби 4.лична грешка, и донесе нови проблеми за екипата од Битола која никако не наоѓаше решенија за играта на „малиот“ Ливингстон. По неговиот 21.поен, кумановци одново беа на плус 13 (57:44).
На почетокот на четвртата четвртина Пелистер започна со нова серија од осум поени, по две и пол минути, Пелистер стигна и до првото водство 6:62. Куманово со добра во одбраната, со серијата од 10:3 имаа водство од 71:65, кое не го испуштија во тој последен дел од играта., за конечни 81:73.
Кесар кај Пелистер беше најефикасен со 25 поени, а Малешевиќ постигна 17.











