Пелистер Волеј – Ускана 2:0 (25:14; 25:11)
Пелистер Волеј – Шкендија 2:0 (25:16; 25:16)
Во рамките на младинско првенство на Македонија, во групата “В“ – втор турнир во Битола, во спортската сала на Медицинското училиште во Битола се одиграа натпреварите на кои учествуваше и младинската екипа на Пелистер Волеј.
Битолската младинска екипа, го задржа максималниот биланс, без загубен сет и извојува две максимални победи од по 2:0 над кичевска Ускана и тетовска Шкендија, а победите беа само прашање на време.
Во првиот натпревар против Ускана поените ги освоија: Стефани Најдановска 8, Јана Василевска 7, Ивана Белокозовска 6, Меланија Каралиоска 6, Ана Пејовска 5 и Михаела Цветановска 3.











