Press "Enter" to skip to content

Чанески и Маркоски посакуваат утре потврда на добрите натпревари кои ги играат во Битола

Ракометарите на Еурофарм Пелистер утре од 20 часот и 45 минути во Битола во првиот натпревар од осминафиналето во Лига Европа го пречекуваат германскиот претставник Магдебург. Гостите од Германија имаат статус на фаворит, но тоа не е причина Еурофарм Пелистер да направи изненадување и по првиот меч во Битола да обезбедат предност која ќе им даде надеж дека може да се мине првата пречка во елиминациската рунда.

Градимир Чаневски, капитенот на Еурофарм Пелистер и голман на тимот за утрешниот натпревар вели:-Магдебург е одлична екипа и игра во одлична форма. Наша цел е барем да извадиме нерешен резултат на првиот натпревар во Битола. Ќе биде добро да заминеме во Германија со позитива. Добро играме и ние, и ние сме во добра форма како и тие. Детали ќе одлучуваат, па ако бидеме на ниво, мислам дека ќе патуваме за Магдебург со позитива. Мислам дека поголем предизвик е за нив да ја освојат Битола. Ние играме добра сезона, добро играме на домашен терен и верувам дека тоа ќе го потврдиме во вторник.  Магдебург е одлична екипа, играат добра одбрана, многу трчаат и влечат полуконтра. Наше е да се враќаме брзо и да трчаме. Мислам дека не треба да дозволиме да нè наттрчаат.

-Никола Маркоски, е исто така е со позитивни мисли на утрешниот натпревар и го кажува карактеристиките на германскиот тим и вели:-Секој натпревар со бундеслигаш е голем натпревар и штета што нема публика да биде поинтересно, Ќе дадеме сè од себе да извлечеме добар резултат во Битола, па во реваншот ќе се бориме колку што можеме. Секако дека Германците се фаворити, ние ја имаме улогата на аутсајдери и наше е да покажеме дека тоа не е така. Карактеристиките за нивниот најдобар ракометар Безјак ни се познати. Добро влече полуконтра и игра еден на еден, така да ќе се обидеме да го затвориме. Голема улога во играта на Магдебург има и десниот бек со шутевите од надворешните позиции.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »