Битола и битолчани по се изгледа го видоа последниот снег, да се надеваме, во ова осмоаприлско утро.
Иако нема снежна покривка, снегот кој започна да врне во текот на ноќта утрово околу 7 часот го имаше и беше задржан на покривите на куќите, по тревата по парковите, на дрвјата, на автомобилите.
Температурата беше 0 степени, а веќе кај 8 часот се појавија низ облаците и првите сончеви зраци, а започна да се зголемува и температурата која ќе достигне 9 степени, а од утре ќе биде сончево и потопло.
Низ десетина фотографии, направени низ Битола, Ви пренесуваме снежни пејсажи.
[ngg src=”galleries” ids=”687″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]











