Press "Enter" to skip to content

Објавени дела од личниот менаџмент во ко-авторство на проф. д-р Гордана Тасевска

Издравачката дејност на Бизнис академија Смилевски – БАС, која работи и во Битола, се збогати за уште две изданија “Личен менаџмент “ и “Практикум по личен менаџмент“ од авторките проф. д-р Гордана Тасевска од Битола и проф. д-р Даниела Карадаков.Преку он лајн врска беа промовирани делата од страна на рецензентите истовремено и промотори проф.д-р Цветко Смилевски, м-р Ана Салтирова Давидовски и м-р Дејан Маџоски.

Д-р Гордана Тасевска од Битола е професор во наставната област Менаџмент на човечки ресурси на Бизнис академија Смилевски – БАС , Скопје од нејзиното формирање и почнување со работа во 2008 год. Моментално е на функцијата Заменик директор на Академијата.-Делото “Личен менаџмент“ ќе ви овозможи да се свртите кон самите себе и кон своите постапки, а со тоа ќе ви овозможи себеменаџирање на вашата кариера и вашиот приватен живот. Осознавајќи ја содржината вие ќе умеете подлабоко да размислувате, проценувате, критикувате, некогаш ќе се лутите и обвинувате, а некогаш ќе се гордеете и уживате. Вашата траекторија ќе ви обезбеди да станете менаџер и лидер на својот живот – изјави проф. д-р Гордана Тасевска.Додека пак „Практикумот по личен менаџмент“, како нераскинлив дел од првото дело ја потвдрува изреката: „Теорија без практика е како тркало без основа. Истиот ќе претставува поддршка за сите оние кои започнуваат да патуваат кон себеменаџирањето. Секоја страница на ова помагало ќе ви открие дел од вас. Покрај вашите професионални вештини и знаења, прелистувајќи лист по лист, ќе научите да ги менаџирате сопствените капацитети и емоции, ќе бидете подготвени да се справите сами со своите препреки/бариери. Започнете веднаш со поставување на сопствените цели, продадете се на пазарот на трудот, креирајте, иновирајте, сонувајте, осознајте ги вашите позитивни страни, работете на оние послабите, менаџирајте го стравот кој ви го наметнува непознатото, испланирајте го најдрагоцениот ресурс – времето…

И двете дела се достапни за продажба. Оние кои сакаат да ги имаат едноставно можат да пишат до следната е – маил адреса: bas@bas.edu.mk Примороци од делата ќе бидат достапни и во: Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски “- Скопје, Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Клиемент Охридски” – Битола, НУ Библиотека “Григор Прличев“; во Охрид и библиотеката на издавачот Бизнис академија Смилевски – БАС, Скопје и Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »