Press "Enter" to skip to content

Промоција на песната и спотот на Сефедин Бајрамов – “Може ли“ (фотогалеријa)

Денес во Големата сала на Центарот за култура во Битола беше промоворана новата песна и видео-спот на Сефедин Бајрамов, насловена “Може ли“.За вљубеницита од Битола, на песните на популарниот Сефко, песната и исполнителот пред битолчани, кои за жал поради почитување на протолоките за заштита од ковид-19, не беа во број како што сме навикнати кога се настапите и промоциите на Бајрамов, ја претстави нејзиниот автор, Валентин  Соклевски, кој рече:-Што и да се рече за Сефедин е малку, а мене ми е како соработник најубаво ми е кога ќе го слушнам да пее или само да разговара. Тој често знае да рече да оставиме да зборува душата и песната, таа сама ќе си каже. Со него создадовме многу песни, а сенадевам дека ќе создаваме и понатаму, а денес ни останува само да ја слушаме и гледаме неговата најнова песна, која денес ја промовираме. Дирекорката на Центарот за култура, Маја Андоновска – Илиевски, поздравувајќи го Бајрамов и гостите рече:-Јас нема многу да зборувам, бидејќи ќе оставам да зборува музиката во име на сите кои сме тука. Навистина ми е драго што Центарот за култура од Битола домаќин на промоцијата на новата песна и спот на Сефедин Бајрамов, а за него што и да кажам ќе биде прамалки затоа што како уметник, човек и музичар остава и оставил голем белег на битолското, но пред се на македонската музичка сцена. Многу се радувам што после една глува година каде што запреа сите концерти, запре  музиката, конечно се бидиме и сме сведоци на едно ново квалитетно музичко издание.Сефедин Бајрамов на промоцијата за песната, спотот, соработниците, публиката… рече:-Ви се поклонувам на сите кои денес дојдовте на пладне, кои е прежешко, заедно да ги споделиме најновите радости по повод најновите мои две музички дела. Едната е направена минатата година во декември, за кој немаше услови за промоција, и најновото музичко издание “Може ли“ кое е создадено и подготвен спот деновиве. Ви благодарам на сите на довербата и поддршката да дојдам до тука каде што сум сега. Битола ми била живот, инсирација, Битола ми била првата љубов, и таа ќе трае додека сум и јас. Сите кои сте тука ми сте драги и се чуствувам како да сум пред 100 илјади публика.  Бајрамов се заблагодари на сите кои го помогнаа последниот музички спот. Автор на музиката Миодраг Нечак – Микс, автор на текстот Валентин Соклевски. Дамир Имери кој го направи аражманот, а материјалот беше снимен во студиото “Анастасија“ во Скопје.Визуелизација на проектот на прекрасен начин го направи Дарио Јанковиќ и неговото студио “Генерал“, кој на денешната промоција рече:-Кога ќе ми се јави некој битолчанец и ми рече дека сака со мене да сними видео-спот ми претставува посебна чест, а тоа што понатаму ќе го работиме го работам со посебна љубов, а сето тоа сега не можам да го опишам. Сум живеел тука во Битола 20 години, а 10 во Скопје, но сепак душата и срцето ми се во Битола, а градот најмногу го сакам. Со Сефко ова ми е трет спот за негови песни, а се надевам дека ќе продолжиме во иднина, а кога работам со него му доаѓаат посебни инспирации кога ја работам фотографијата и видеото. Мислам дека самиот спот кога ќе го гледате ќе ви “каже“ нешто повеќе.Инаку, спотот е сниман на локации на Охридското езеро и Пониква. Издавањето на песната и спотот го помогнаа позната дентална клиника “Нова дентал груп“ од Скопје, компанијата “Јосифов“ од Битола, “Генекс“ од Кочани, и на крај генералниот покровител, пром. д-р Таше Трпчевски и болницата “Плодност“ од Битола.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from ЗабаваMore posts in Забава »