Press "Enter" to skip to content

“Топли билки“ од Бојан Васиќ во издание на “Нова“ од Битола

Книгата поезија „Топли билки“ од српскиот поет Бојан Васиќ е најновата објава на Здружението за наука и култура „Нова“ од Битола. Препевот од српски јазик го направи Ленче Милошевска.  Издавањето на книгата финансиски е поддржано од Европската унија преку проектот „Регионална мрежа за културна соработка“ (READ – Regional Network for Cultural Diversity), во локална имплементација на Гете институтот од Скопје и Центарот за балканска соработка –Лоја од Тетово.

Бојан Васиќ е автор од помладата генерација. Роден во  банатско Ново Село во 1985 година. Дипломирал српски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Белград. Автор е на седум книги поезија. За книгата „Топли билки“ ги добил наградите: “Мирослав Антиќ“ и „Васко Попа“. „Топли билки“ е негова прва книга преведена на македонскин јазик.

Книгата содржи педесет песни заокружени во една тематска целина посветена на растенијата, дрвјата, билките, тревките како лирски субјекти преку кои поетот ја гради семантичката рамка на својот филозофско-метафоричен пристап кон поезијата. Сакако дека една ваква перцепција на светот на растенијата произлегува од искуственото доживување на поетот со непосреден живот во природата преку кој поетот Бојан Васиќ успева да изгради една своја автентична препознатлива поетска архитектура како сублимат на модерното, надреалистичко и симболичко толкување во меланхоличното чувствување на животот на постмодерната разградба, истакнува рецензентот Мирјана Стојановска во поговорот на оваа книга.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »