Press "Enter" to skip to content

Вечерва во Хераклеја започнува 51. издание на фестивалот “Илинденските денови“

Денес во во античкиот локалитет Хераклеја Линкестис ќе се одржи свеченото отворање на Фестивалот на народни игри и песни „Илинденски денови“, во 20,30 часот, со изведба на орото „Комитско“ – КУД „Илинден“ од Битола, а  потоа ќе следи  свечени обраќања и поздравни говори.

На првата фестивалска вечер ќе се одржи концерт на Aнсамблот на македонски песни и игри „Танец“ Скопје и Ансамблот на народни игри и песни „Ладо“ Загреб, Хрватска.

Претходно, попладне од 18:30 часот да ги проследите дефилето “Со песни и игри низ битолските улици“ и во 11 часот ќе се одржи семинар за традиционална музика и игра – промоција на Зборник на трудови, а во  12 часот изложба „Реинкарнација“ од авторот Бојан Петковски.

-„Илинденски денови“ е повеќе од фестивал, тој е една раскрсница во која младоста се огледува на мудроста, во која светот се прелева низ игра и песна и сите сме различни а исти, му се радуваме и го славиме животот со музика. А за музиката велат дека е универзален јазик на човештвото, па на нашиот фестивал зборуваме еден јазик пеејќи и танцувајќи. Педесет и една година продолжуваме да ја веземе и ткаеме традицијата низ
игра и песна. Се радувам на овогодинешниот фестивал, бидејќи пандемијата силно ги погоди и фолклорните ансамбли низ целиот свет, вели директорот на Центарот за култура од Битола, Маја Андоновска – Илиевски.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »