Press "Enter" to skip to content

Излезе од печат “Кратки поеми за најмладите боеми“ од авторот Александар С. Трајковски

Во издание на првата независна издавачка куќа во Македонија “ЃУРЃА”, излезе од печат првата збирка поезија за деца под наслов “Кратко поеми за најмладите боеми“ од д-р Александар Саша Трајковски, роден во Битола, која содржи околу стотина песни.Збирката поезија “Кратки поеми за најмладите боеми“ е богата поетска ризница, мозаик од емотивни пораки, идна училишна лектира, изобилство на едноставни детски песнички, но со моќни пораки низ стиховите. Мотивот кој најмногу го третира е вечната мистичност на детската искреност, нивната кротка невиност и, во исто време, љубопитноста на детското срце. Генерално опфатени се најважните животни вредности за кои секое дете треба да има почит и да ги негува.

Авторот ветува дека со сигурност, вредна збирка поезија, идна училишна лектира, збирка од едноставни детски песмички , но со моќни пораки низ стиховите, преку кои ни ги соопштува сопствените длабоки согледувања и сознанија за детските проблеми и дава свои совети за најважните и најпотребните нивни потреби, а мотивот кој најмногу го третира е таа мистичност вечна на искреноста, кротката невиноста, наивност и во исто време љубопитност на детското срце.

Александар Саша Трајковски е доктор, поет, преведувач и толкувач, (член на ЗПРМ) и редовен член и дел од МНД Битола. Пројавува љубов кон пишаниот збор уште од најмладите години, а неговите творби се објавуваат во разни детски училишни списанија. Во поезијата ги користи сите форми на римувани стихови. Инспирација му е – детската невина љубов, љубовта кон природата, кон семејството и кон Бога.

Оваа книга ќе може да се најде и во книжарниците низ сите градови во  државата.

More from ВестиMore posts in Вести »