Press "Enter" to skip to content

Марио и Игор Трифуновски“ – сопственици на ноќниот клуб “Расчекор“, временска машина од 30 години и бренд за ноќен живот не само во Битола (фото)

Жанета Ристевска

Пред 30 години, на 27 ноември 1991 годин, започна успешната приказна на ноќниот клуб “Расчекор“ од Битола, а по изминати 30 години, денес, исто така актуелен како и на почетокот. Успешна приказна за семеен бизнис на сопствениците браќата Марио и Игор Трифуновски, бренд единствен на овие простори и во светски рамки. Локал на исто место, исти сопстевници и голем дел вработени успешно функционираат цели 30 години со иста позитивна енергија, како и на почетокот, а таа енерија и ентузијазам да се биде, не чекор, туку многу пред конкуренцијата, постои, а како не уверија Марио и Игор  ќе биде присутна уште долго…Енергијата и жарот како на почетокот започна низ разговорот  Марио Трифуновски враќајќи се пред 30  на преиодот кога се отвараше овој клуб.-Името кое го смисливме јас и мојот брат Игор достојно го оправда “Расчекор“ од 30 години, симболишен расчекор во секаква смисла општествени норми, правила, традиција,физичка, психолошка со еден збор временска машина низ која поминаа голем број битолчани од повеќе генерации. Горди сме што има гости кои доаѓаат од првиот ден на отварање, а се денес и ќе бидат на прославата на нашиот јубилеј, во петок. Многу битолчани се забавувале, вљубувале, правеле мајатапи, битолски шеги, анегдоти, случки се случувале тука. ВИП место каде излегувале биточлани, но и до цела Македонија,  Србија, гастарбајтери, политичари, бизнисмени… Ова е единствено место. бренд за ноќен живот кој беше прогласен за најуспешен ноќен клуб за нашата држава, во целиот географски регион. Клуб низ кој пеееле и ги забавувале гостите многу македонски звезди, ди-џеи, од нашата земја, од Балканот, од светот… Единствен клуб, можам слободно да кажам е дел од малкуте во светски рамки кои се уште се на исто место, имаат исти сопственици, дел од вработените од кои некои  работат цели  за  време на цел период на постоење…Но, идејата за отварање започна многу порано, истакна Марио Трифуновски, во разговорот кој го направивме во кафе бар “Пајтон“ каде се исто така сопственици и успешно работи на Широк Сокак, во Битола.

-Уште во моите студентски денови во средината на 80 те години односно после 86 година во Скопје беше во подем ноќниот живот кој направи вистински бум. Тоа бепе убаво време на живот во СФРЈ и излегување по дискотеки и клубови ќе ги набројам “Hard Rock“, “МНТ“, “Мадера“, “Трудбеник“… Во тие студенстки денови овој живот стана мој животен стил. По доаѓањето во Битола сакав и тука младите да се забавуваат во тој стил. Во тој период многу ќе се присетат дека диското “Орфеј“ беше култно место на излегување. На иницијатива моја и мојот пријател сега кумашин Горан – Попот млади луди отидовме кај Панде – Феријал кој го држеше диското и му кажавме дека сакавме да ги откупиме сите карти беа некаде 300-400 по 50 динари. Организиравме журка со одредена музика, посебен дрес код и одбрани битолчани, а картите се продаваа по двојна цена. Нема да верувате дека покрај што се експресно се продадоа сите карти, но се бараше карта повеќе и кога пред диаското “Орфеј“ пред вратата таа вечер имаше 2-3000 млади луѓе и се запре сообраќајот. Картите скокнаа и на 1.000 денари. Сигурно млдите кои излегуваа во тој период ќе се присетат на тоа и на многу други организирани журки подоцна во други места “2 Ф“, “Холивуд“, “ММ“. Потоа го задовме на рента и кафе-барот во населбата “Стрежево“ кога се приклучи и Горан Паното. Некако во тој период заклучив  дека ова ќе  ми биде животен стил и определба.Идеја за отварање на сопствен локал…

-Мојот брат Игор студираше и работеше во Хрватска,  но  во 1990 година  војната изби  на југословенските простори и  заради хрватското државјанство кое го имаше требаше да замине во војна.  Му предложив да се врати и да започнеме свој бизниз отварање на локал, а и да го искористиме искуството кое го имаме со организирање на журки. Исто така заедно со него имавме искуство секоја година на островот Паг поминувавме цели лета работејќи на Зрче најпознатото место на излегување во тој период, а тоа и до ден денес. Значи верувајќи во себе искуството што го имавме, и знаејќи ги своите способности, но и до каде ни е границата секогаш велам и повторувам “да си пуштиме нозете до каде ни е чергата“ решивме да го изнајмиме и работиме  во тој период популарниот кафич “2F“.-Но кога сопственикот на истиот Симончо ни побара предвреме кирија за 2 години и некоја голема сума, се откажавме и решивме да го отвориме свој локал во нашата семејна куќа на ова место каде е и сега. До ден денес повторувам дека ако не се случеше ова, можеби немаше да се отвори “Расчекор“. Во тој период беше некако оддалечено од центарот и чаршијата каде се одвиваше ноќниот живот во Битола и во старата чаршија. Но, со верба во себе, започнавме сами со наши сили да работиме. Го смисливме и  го дадовме ова интересно име “Расчекор“ и на 27 ноември за време на викендот по повод големиот 29 ноември- празник на СФРЈ , го отворивме “Расчекор“, со свечена забава. Еве некако така започнавме и се вложивме сите во овој семеен бизнис, брат ми, родителите, потоа и нашите семејства сопруги и деца, додава Игор.30 години успешна работа ноќен клуб „Расчекор“ што значат…

-Сите овие години работа ноќен клуб “Расчекор“ значат посветеност, професионалност, пожртвуваност, откажување, за сите овие 30 години работа, убави моменти, предизвици, заедно со се и  озборувања дали позитивни, или негативни, кои успеавме да ги надминеме. Сигурно дел оставиле трага на нас и во нас, но секогаш сме излегувале посилни.  Можеби ни помогна нашата верба во себе, верба и во другите луѓе, да се помогне кога е потребно, сите знаат дека никој не бил вратен кој побарал помош од нас. Толеранцијата и заедништвото најпрво со мојот брат потоа и со вработените.  Со тоа и последното премережје корона кризата и карантинот однсосно  целосното затварање на клубот како и многу други објекти насекаде.  Затворени бевме цели 19 месеци, но успеавме да продолжиме, а со овој јубилеј 30 години постоење, се чувствуваме уште посилни со верба  да издржиме и следни 30 години, со енергијата и жар како во  нашите почетоци.30 години Ноќен клуб „Расчекор “ институција…

-Ноќен клуб Расчекор е институција која сите овие 30 години растеше, а заедно и ние сите сопстевници и вработени.  Зад нас стои адвокатска фирма, обезбедување на врата, тука е и постојаната поврзаност со МВР  и други институции. Се за гостинот да се чувствува безебден. Неколку пати беше реновиран и прошируван во 1990 година најпрво се прошири  со модерна тераса со стакленик, потоа 1996 големо преуредување и претрпе уште реновирања. Потоа полека “Расчекор“ го добива својот лик, по кој е препознатлив денес. Единствени во тој период кои имавне “фејс контрол“ за тоа кој влегува во локалот. Денес ноќен клуб “Расчекор“ е модерно технички и технолошки опремен по најсовремени текови за клубови како  за вентилација, светло, звук, ефекти… Мора да споменам и тоа што бевме прв локал кој имаше соработка во голема компанија, а тоа беше уредување во стилот на “Лаки страјк“, повторно бевме прогласени за најдобри во однос на сите клубови кои ги имаа тие уредени и спонзорирани.Ноќен клуб „Расчекор“ и сопсвениците Марио и Игор Трифуновски подржувачи, спонзори и пријател на многу спортски клубови, манифестации, личности…

-Како што кажав никој не е вратен кој побарал помош. Тука се многу манифестации, фестивали како “Браќа Манаки“, “Илинденски денови“, спортски клубови кошарка, ракомет. Повеќе години бевме целосни спонзори на кошаркарскиот клуб  Пелистер, само со наши средства. Во тој период направивме и таму “револуција“, донесовме интернационалци, квалитетни кошаркари, странски тренери, полневме цела сала по 5.000 публика, ги победувавме МЗТ, Работнички, нешто што тогаш беше многу тешко, но самиот пристап кон целото функционирање на клубот, по светки стандарди, како што и го работевме “Расчекор“ го гонесе тоа.Забава по повод 30 години јубилеј ноќен клуб “Расчекор“

-Забавата ќе биде организирана во согласност со мерките за ковид со определен,одреден број личности, пријатели, деловни партнери голем дел кои доаѓале од првиот ден, кои растеле со ноќен клуб „Расчекор“. Со тоа сакаме достојно да го одбележиме овој јуболеј, секако дека во иднина кога се што е поврзано со пандемијата кога ќе заврши и ќе биде минато, а се надевам да биде што побрзо имаме идеи за новини. Тогаш ќе направиле голема забава, со големи музички ѕвезди, со познати ди-џеи, бидејќи сега тоа е тешко да се направи, колку и да го сакаме тоа сега, за нашиот голем јубилеј 30 години постоење.Идни планови, летна дискотека, ресторан во наш стил… 

-Уште поодамна сакавме да отвориме летна дискотека на отворено за летните месеци и која е потребна на нашиот град. Да понудиме летна шема и забава, бидејќи Битола како град има многу да понуди и да доаѓаат туристи, заради нашата место положба, историја, култура во секаков смислол збава, мода, ноќен живот и денска кафе-шема на Широк Сокаак која сигурен сум ја нема никаде. Широк Сокак е еден “фејсбук во реалност“ кој постои во Битола многу одамна, во смисла каде ќе ги видиш и ќе се сретнеш со сите. Во големите градови тоа го нема, исто така и во малите. Битола, битолчани традиционално се познати по својот стил на живеење уште од порано кога се дотерувале и пиеле кафе на Широк Сокак. Затоа сакаме како едни од најстарите колеги да им порачаме на помладите колеги, дека Битола има потенцијал за угостителство во секој поглед и во секоја бранша, но сите, ние и другите да држиме високи стандарди, на квалитет услугите, бидејќи само тоа ќе не држи во кондиција, а како град ќе бидеме препознатливи.Јубилеј достоен за почит. “Расчекор“ и неговите  сопствениците пред нови предизвици за следните години, но со својата енергија и  жар продолжуваат и понатаму, а со тоа и  остануваат култни личности кои владеат на овие простори со својата харизма во  организирање на добар ноќен живот.  Магијата која ја има ноќниот живот најдобро ја пренесува и ќе пренеува  ноќниот  клуб “Расчекор“ и понатаму, на  следните генерации.

Фото: Сашо Ристевски,

Ентериер: ноќен клуб “Расчекор“ и кафуле “Пајтон“

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »