Press "Enter" to skip to content

Библиотекари од Битола на “он-лајн“ конференција “Виртуелни интернационални конекции“

На 22.11. 2021 година се одржа онлајн конференцијата „Виртуелни интернационални конекции: Глобална програма за размена на библиотекари“ (Virtual International connections : The Global Librarian Exchange Program) организирана од АЛА-Тркалезна маса за меѓународни односи и Универзитетската библиотека од Мичиген, САД.

На оваа меѓународна конференција учество зедоа м-р Фатма Бајрам Аземовска-виш библиотекар и м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски-библиотекар од НУУБ„ Св. Климент Охридски“-Битола.

Нашата библиотекари имаа можност да ја претстават својата библиотека и својата земја, помеѓу библиотеките од целиот свет, и да бидат дел од програмата која е планирана за 2022 година. Оваа програма нуди можност за размена на искуства помеѓу библиотекарите од целиот свет, искуства поврзани со работењето во разни сектори од библиотеките.

На оваа конференција беа споделени искуства и заклучоци од овогодишната размена на библиотекарите, по што сите учесници имаа право да поставуваат прашања на кои одговор даваа организаторите. Иако временските разлики беа огромни, конференцијата се одвиваше со огромна заинтересираност од учесниците.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »