–Пред 10 години, во 2011 година, беа одбележани 63 години од прогласувањето на Пелистер за Национален парк, а за оваа прослава која се одржа во “Вилата на Лазо“ или како сега се вика Информативен центар, имам забележано во мојата хрологија за Битола, дека се прослави со изложба на фотографии, а потоа следуваше песна на планинарите, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
–Националната установа Национален парк “Пелистер“ од Битола ја одбележа 63-годишнината од прогласувањето на планината Баба со врвот Пелистер за Национален парк со изложба на фотографии од голем број на фотографи, вљубеници и редовни посетители кои низ годините ги овековечиле убавините на Пелистер.
-Убавините на Пелистер се немерливи. Прекрасни предели, молика и над 200 видови растенија, цвеќиња и други реткости. Посебен впечаток во паркот оставаат камените реки, и најразлични патеки кои се вечна инспирација за планинарите, фоторепортерите и секој
љубител на природата, беше истакнато на прославата.
Националниот парк “Пелистер“ е на површина од 12.500 хектари и е прво заштитено природно богатство во Македонија.

Деновиве пред 10 години: со изложба и песна на планинарите одбележани 63 години национален парк “Пелистер“ (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- “Папал дизајн“ – 35 години творештво, визија и трајни вредности – од крфица до битолски бренд (мега фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: во Битола слепите лица добија телефонски именик со Брајово писмо (фото)
- Најубава чкембе чорба направија и освоија прво место моторџиите од “Конзули“, Гран-при за “Корзо“ на првиот “Чкембе фест Битола 2026“ (фотогалерија)
- Започна првото издание на “Чкембе фест Битола 2026“, готвачи од Македонија, Турција и Унгарија утре ќе прават чкембе чорба (фотогалерија)
- Битола ја добива манифестацијата која и прилега “Чкембе фест“
More from ВестиMore posts in Вести »
- 10.000 денари за возачка дозвола, Општина Новаци со поддршка за 27 млади лица до 26 години
- Елена Неделковска, сопственичка на детската градинка “Мали генијалци“ – Битола : за 12 години научивме дека секое дете е различно, не постои една формула која функционира за сите
- СВР Битола: скопјанец возел без возачка, малолетничко насилство, пронајдени стари гранати
- Со јапонска донација реконструиран кровот на ОУ “Св. Климент Охридски“ во Битола
- УКЛО и пријателите со Отворен ден на Факултетот за биотехнички науки – Битола (фотогалерија)










