Press "Enter" to skip to content

Наградени децата кои напишаа најубави Божикни пораки

По повод Божиќните празници НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола и Ротари клубот Битола Широк Сокак наградија повеќе читатели за најубави пораки поврзани со Божиќ и волшепствата што овој празник ги носи.

Добитници на награди се: Јована Матевска Атанасова, Елена Талевска, Сузана Свенчева, Јасмина Трајковска, Ивана Здравковска. 

Ова се пораките кои освоија и најмногу гласови: Најдобриот подарок не е оној што го добиваш, туку оној што го даваш, Токму тоа е целта на божиќните празници. Да го пронајдеме изгубеното парче човечност, да веруваме затоа што сакаме. Да се обидеме да ја зачуваме божиќната магија во текот на целата година, за да бидеме подобри, да сакаме посилно и да правиме по едно мало чудо секој ден. Благословен ден се раѓа… Бог синот свој на земјата го праќа! Ѕвезда сјајна на небо што блеска, домот да Ви го исполни со љубов и среќа!!! Нека сребрени зраци од божиќното утро го осветлат Вашиот подарок составен од здравје, среќа, мир и љубов. Срцето на човекот го смислува неговиот пат, а Бог управува со неговите чекори. Се што правите, каде и да одите, нека биде благословен Вашиот пат!

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »