Битолчанката Оливера Наковска Бикова продолжува со одличните резултати на меѓународен план, на кои им додава уште едно злато.
Оливера Наковска Бикова е победник на европското првенство во стрелање со воздушен пиштол во дисциплина 1о метри, кое од 13 до 17 март се одржува во градот Хамар во Норвешка.
Во одлична финална серија Наковска – Бикова, во конкуренција на осум натпреварувачки, таа погоди 232,3 круга, пред Турчинките Ајсел Озган со 231,5 круга и Ајсеѓул Пехливанлар со погодени 210,4 круга.