Press "Enter" to skip to content

Нов пораз на Пелистер, овој пат на гостување во Струга

Струга Трим Љум – Пелистер 4:0 (2:0)

Фудбалерите на Пелистер се убедиво поразени на гостувањето во Струга од екипата, домаќин, Струга Трим Љум со резултат 4:0, полувреме 2:0. 

Натпревартот започна со две шанси на домаќините, а првиот гол во мрежата на Пелистер падна во 16. минута, а стрелец беше Џобе. Струга преку Џобе го постигна и вториот гол во 42. минута. 

Во второто полувреме, во  58. минута со евро-гол на Бојку од слободен удар Струга поведе со 3:0, а конечниот резултат, 4:0,  го постигна Кочовски.

Пелистер, кој веќе е второлигаш, остана со десет на дното на табелата.