Фан-зона на РК Еурофарм Пелистер, спонзорирана од “Златен Даб“ ќе биде отвторена утре, недела, 1 мај 2022 година, на плато на Офицерски дом – Битола во 14 часот.
Организаторите РК Еурофарм Пелистер, Општина Битола и ЈОУ Културен и информативен центар Битола подготвуваат голем ракометен хепенинг и отворена фан-зона.
Вкусна храна и ладно пиво
Забавно музичка програма и настапи во живо, Dj Chico, BERRYQYAT, Ognen & Buki и група “Паркети“.
Во фан-зоната битолчани ќе можат да купат дресови, шалови и останати производи со заштитниот знак на клубот.
Заедничко следење на натпреварот на видео-бим.
Фан-зоната ќе се одржи без разлика на временските услови.










