Press "Enter" to skip to content

In memoriam: Благој Мицковски – Гркот, поранешен фудбалер на Пелистер

Денес во Битола на 68 годишна возраст, ненадејно, почина Благој Мицковски – Гркот, поранешен фудбалер на Пелистер, за кој слободно може да се рече дека е една од легендите на битолскиот фудбал.

Благој Мицковски – Гркот остави неизбришливи траги во битолскиот фудбал, потекнува од младинската школа на Пелистер и како ретко кој фудбалер од Битола целата своја кариера ја помина во матичниот клуб.

Настапил во дресот на Пелистер со неколку генерации, а и со најупешната генерација со Спасе Ристевски, Упале, Џоџа, Грбето, Тарзано…  од „златната генерација“ на Пелистер која што во 1974 година се избори за историски пласман во Втората југословенска лига. 

Мицевски професионално беше вработен во “Југотутун“ во Битола, каде го помина целиот работен век.

Благој Мицковски – Гркот ќе биде запаметен покрај тоа како фудбалер на Пелистер кој одиграл стотици натпревари и како скромен, семеен и тивок човек, како ќе го паметат неговите соиграчи, пријатели, комшии.

Опелото и погребот на Мицковски ќе биде утре во 12 часот во Светонеделските гробишта во Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »