Викендов по пауза од години, поради ковид мерки и ограничувања на движење по пропишани протоколи, во организација на планинарскиот спортски клуб Пелистер од Битола се одржа 33. традиционален планинарски марш “Димитар Илиевски – Мурато 2022“.
Традиционалниот марш е во чест на освојувањето на највисокиот врв на светот, Монт Еверество од страна на првиот Македонец, Димитар Илиевски Мурато од Битола, член на ПСК Пелистер.
Денес планианрите се искачија на Димев врв, близи до највисоката точка на Баба Планина, на Антена, 2.601 метар положија цвеќе, се поклонија со што му оддадоа почит на Мурато.
Денешната маршрута на 33. традиционален марш “Димитар Илиевски-Мурато“ започна од Инфо-Центар, Палиснопје, Ловечка куќа, Врв Пелистер, а на крај на Димев Врв, каде се одржи традиционалното читање за ликот и делото на Димитар Илиевски Мурато.
Потоа на Копанки се положи цвеќе на споменикот на Димитар Илиевски се одржа поздравен говор и се доделија како и прогласување на најмлад и најстар учесник на маршот.
ПСК Пелистер организира превоз за битолчани до Инфо центарот.
Двете маршути, денешната и вчерашната беа обезбедени со водичи и спасувачи.

По пауза од две години, викендов 33. традиционален планинарски марш “Димитар Илиевски – Мурато (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Од полноќ дизелот поевтинува 4,5 денари за литар, бензините поскапуваат за денар
- РЕК “Битола“ активен учесник на годинешната меѓународна конференција „ЕНЕРГЕТИКА 2026“ во организација на ЗЕМАК
- Битола живееше со науката на Европската ноќ на истражувачи 2026 (мега фотогалерија)
- Општина Новаци: платена школарината на сите бруцоши за прва година од Општина Новаци
- Три подиуми за АК Олимп на “Ilinden Run“, Крстевска со личен, Бакрачи со национален рекорд
More from СпортMore posts in Спорт »
- Три подиуми за АК Олимп на “Ilinden Run“, Крстевска со личен, Бакрачи со национален рекорд
- Пред првиот европски натпревар на Еурофарм Пелистер – фан зона пред сала
- “Братското дерби“ во Битола за “постариот брат“ (фото)
- Рустемовски освои бронза на Европското првенство, поразен во полуфиналето
- Големо светско признание за Ѓуро Илиќ од Битола во Јапонија промовиран за носител на мајсторски, црвен, појас 10 дан









