Press "Enter" to skip to content

Архан на 8. и Стефи на 12. место го завршија настапот на Светскиот куп за младинци во Естонија

Двајваца млади куглари од Битола, Архан Арслановски и Стефанија Алексовска денес го завршија настапот на Светскиот Куп за младинци, што се одржа во градот Елва во Естонија. 

Архан Арслановски денес настапи во финалната серија, но не успеа да го повтори вчерашниот резултат и заврши на осмото место со 516 соборени дрвца, а двајцата ги постигаа следните резултати:

Архан Арслановски во квалификации како 7-ми успева да се пласира во завршница со резултат: 578 (205). Во машко финале Архан се пласира на 8 место со резултат 516 (148). Стефанија Алексовска во квалификации се пласира на 12 место без можност да игра во завршница со резултат: 553 (175). Тандем микс двајцата заврпија на 12 место пред Италија и Естонија, со резултат 1.109 (Архан 564, Стефи 545).

Македонија со резултатите на двајцата е со вкупни резултати на 12 место пред Италија и Естонија.

-Во конкуренција на најдобрите поединци од секоја од 14-те земји кои настапуваа на СК во Елва, Естонија, македонските репрезентативци пробаа да дадат свој максимум. Единствено Архан успеа да изигра чун подобро од својот рекорд, додека Стефанија беше под своите најдобри достигнувања. Лично сметам дека Архан даде свој максимум иако во клучни моменти не го послужи спортска среќа, а физичката (не)спремност беше клучна во финалето да не можи да ги издржи ударите при 3 натпревари во рок од 24 часа, стекнувајќи блага повреда која го дефокусираше за позначајна игра иако започна со одличен сет. Стефанија пак од друга страна иако технички супериорна не успеа да се носи со психолошкиот притисок на едно вакво големо првенство и за многу ситни нијанси најпрво не успеа да влезе во финале иако покажа зрела игра, за во тандемот да има 290+ од два сета и да изигра лоши 3 и 4 сет, вели селекторот Игор Михајловски за резултатите на неговите избраници.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »