Во месецот на младоста, мај, во Битола во организација на шаховскиот клув “Стево Патако“ на отворено, на “Магнолија“ во вино-барот “Буре“ се одржа брзопотезен шаховски турнир за млади, на кој зедоа учество триесетина млади шахисти.
Победник на овој турнир е Дарко Попчевски од ШК Шах-шеф од Битола со освоени 6,5 бода, второласиран е Андреј Лозановски со 6 поени, а на трето место се пласира Алекс Нашков со 5 бода, двајцата од “Стево Патако“ од Битола.
Претседателот на ШК “Стево Патако, Сашко Павловски за овој турнир рече:
-На последните турнири во шах кои се одржаа во Битола учествуваа голем број на млади шахисти, а кај сите има покрај интересот видовме и квалитет и желба за натреварување. Па затоа се ослучивме во месецот на младоста да организираме турнир за млади, а според она што се случуваше вчера во Битола не погрешивме. Триесетина млади шахисти уживаа во турнирот и одиграа доста квалитетни натревари.
На турнирот покрај битолчани настапија и млади шахисти од Прилеп.
[ngg src=”galleries” ids=”1016″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]










