Press "Enter" to skip to content

Марјан Илиевски со нов договор, уште две години ќе ги води кошаркарите на Пелистер

Кошаркаркиот клуб Пелистер од Битола и во наредните две години ќе го води актуелниот тренер Марјан Илиевски, кој потпиша нов договор со “зелено-белите“ и во Битола ќе остане и во следните две сезони, и со тоа, како истакнуваат од клубот Пелистер го продолжува процесот на развој во македонската кошарка.

Спортскиот директор Мартин Јовановски му ја укажа довербата на тренерот Илиевски за период од две години, односно до 2024 година.

-Одамна знаеме кои се плановите и патот по кој треба да се движи нашиот клуб. Незамисливо беше тој процес да продолжи без човекот кој го изгради овој респектабилен состав кој две години е во самиот врв на македонската кошарка. Со задоволство може да објавам продолжување на договорот на тренерот Марјан Илиевски за уште две сезони, со што КК Пелистер покажа стабилност и амбициозност и во годините кои доаѓаат. Се надевам дека оваа вест ќе ги израдува вистинските љубители на кошарката и своето задоволство ќе го покажат на нашите натпревари во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола“, рече спортскиот директор, Мартин Јовановски.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »